Парфем-концентрат L’essence d’Altai 50 ml

2.694 ден

Вашиот омилен мирис од познатиот француски парфимер Пјер Флорес е претставен во највисока концентрација – Eau de Parfum (парфем-концентрат). Трендовска композиција исполнета со сончева светлина и душа, создадена да воодушевува.Погоден за оние кои преферираат ултрамодерни и елегантни мириси.

Цветен мирис

Нотите на јасмин, тубероза, иланг-иланг и ванила ги разбудуваат сетилата.

20% масла
Високата концентрација на етерични масла го продолжува траењето и го засилува интензитетот на мирисот.

Авторски мирис

Пјер Флорес – познат француски парфимер, креатор на мириси за парфимерските куќи N-Cigale и Esteban.


Вкус на романтика

Инспирација подарена од Алтај

Трпкиот мирис на бергамот и тиаре преминува во слаткоста на со сонце загреаните ливчиња од јасмин, флердоранж и иланг-иланг. Вдишувајќи ја зачинетата нежност на високогорјето, ветерот ги носи ливчињата кон кристално чистите езера, за таму да ги исполни со нови свежи нијанси. Уште миг – и ќе се стопите во меката привлечност на туберозата, бурбонската ванила и белиот мошус…


Портрет на мирисот

Трендовски мирис исполнет со сончева светлина и здивот на цвеќињата, создаден да воодушевува!

Семејство: цветни, овошни, ванилни
Горни ноти: лимонска монарда (бергамот), кокосова вода, тиаре (тахитска гарденија)
Срцеви ноти: цвет од портокал (флердоранж), иланг-иланг, јасмин
Трага: тубероза, бурбонска ванила, бел мошус


Нишан парфем – за оние што бараат нешто посебно

• Уникатно запознавање

Изборот на нишан мирис е вистинска приказна. За да се одлучите, потребно е време да го запознаете парфемот, да го „примерите“ на себе и да направите онлајн-нарачка. Времето посветено на изборот станува почеток на вашата неповторлива романса со новиот мирис.

• Дијалог со парфимерот

Зад ексклузивната формула секогаш стојат идеи, мисли и чувства на вистинска личност – парфимерот.
Автор на мирисот е Пјер Флорес, познат француски парфимер и креатор на ексклузивни композиции во серијата нишани мириси на Siberian Wellness.

• Лаконско пакување

Селективната парфимерија е елегантна и со стил: шишињата често се изработени од тешко стакло, а капачињата – од природни материјали. Минималистичкото пакување ве насочува кон суштината на мирисот.

• Квалитетни суровини

При создавањето на нишан мирис, парфимерот користи вредни и висококвалитетни состојки: природни скапи масла и апсолути.


Начин на употреба

  1. Нанесете го мирисот таму каде што пулсира кожата: на вратот, зад ушите, на внатрешната страна од лактот или зад колената (но не на сите места одеднаш!).

  2. Користете го парфемот веднаш по туширање (чистата и загреана кожа подобро го впива мирисот) или распрснете го пред себе и зачекорете во мирисниот облак.

  3. Избирајте мирис според:
    • сезоната (полесен – лето, потежок – зима);
    • дел од денот (наутро – полесен, навечер – поинтензивен);
    • расположението и пригодата (за работа – посвеж и поелегантен, за прошетки и средби – покреативен и подлабок).

За мирисот да не се менува, чувајте го парфемот на суво и ладно место, далеку од директна сончева светлина.

Состав
(INCI): alcohol (79% vol.), parfum (fragrance), water (aqua), hexyl cinnamal, benzyl salicylate, linalool, limonene, benzyl benzoate, coumarin, citronellol, geraniol, isoeugenol, benzyl alcohol, eugenol, citral, hydroxycitronellal.

Семејство: цветни, овошни, ванилни.
Горни ноти: лимонска монарда (бергамот), кокосова вода, тиаре (тахитска гарденија).
Срцеви ноти: цвет од портокал (флердоранж), иланг-иланг, јасмин.
Трага: тубероза, бурбонска ванила, бел мошус.

Shopping Cart