Политика за приватност

Ви благодариме што ја посетивте веб-страницата на СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ. Вашата приватност е од особено значење за нас и преку нашата политика за приватност сакаме јасно и транспарентно да Ве информираме за начинот на кој ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци кога правите нарачки преку нашата онлајн платформа.

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ ДООЕЛ Скопје е друштво за трговија со додатоци во исхраната и козметички производи со седиште на булевар Кочо Рацин 26 во центарот на Скопје основано на 19.12 во 2019тата година со регистрирана дејност 05,4. Нашата политика за приватност е усвоена според Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија (СРМ) како што е објавен во службениот весник на СРМ во изданието со број 42/20 и 294/21 и согласно на политиката на матичната компанија SIBERIAN WELLNESS.

Со пристапување, регистрација или авторизација на веб-страницата siberianlifestyle.com, вие изразувате согласност со нашата политика за приватност каде се вклучени следните активности: собирањето, снимањето, систематизирањето, акумулирањето, чувањето, ажурирањето, измената, извлекувањето, користењето, преносот на трети лица (вклучително и доставување, овозможување пристап или објавување), деперсонализацијата, блокирањето, бришењето и уништувањето на вашите лични податоци од страна на овластени лица задолжени за заштита на лични податоци во рамките на СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ.

Ви благодариме за довербата!

Видови лични податоци и нивна обработка

Личен податок претставува секоја информација што се однесува на физичко лице чии идентитет е утврден или може да се утврди, директно или индиректно. Идентитетот може да биде откриен преку податоци како што се: име и презиме, идентификациски број, податоци за локација, идентификатор во рамки на електронски комуникациски мрежи, како и едно или повеќе обележја кои го определуваат физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, менталенот, економскиот, културниот или општествениот опис на корисникот.

Обработката на личните податоци подразбира секоја активност или збир на активности кои се вршат врз личните податоци, автоматизирано или неавтоматизирано, како што се: прибирање, евидентирање, класифицирање, групирање, структуирање, складирање, приспособување или менување, увид, користење, откривање преку пренос или овозможување пристап, ширење или правење достапни на кој било друг начин, споредување, ограничување, бришење или уништување.

Во рамките на нашето работење ги обработуваме следниве видови на лични податоци:

  • име и презиме;
  • адреса за испорака и/или адреса на живеење за испорака на производи и достава на сметки;
  • град;
  • поштенски број;
  • број на мобилен или фиксeн телефон;
  • електронска адреса (е-mail).
  • Консултатнски број (не задолжително)
  • Детали за одбраните производи

Сибериан Лајфстајл има увид во вашите лични податоци кога доброволно ги доставувате, вклучувајќи – но не ограничувајќи се на – регистрација во нашиот систем, учество во промотивни понуди и програми, онлајн нарачување на производи, користење на интерактивни елементи на веб-страницата или на друг начин стапување во интеракција со нашата компанија. Овие податоци се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целите наведени подолу, согласно легитимните интереси на Сибериан Лајфстајл. Собирање и обработка на Вашите лични податоци за друга цел, различна од подолу наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на Ваша претходно дадена согласност или заради извршување на законски обврски.

Податоци кои не се сметаат како дел од лични податоци

Кога ја посетувате веб-страницата, автоматски се собираат следните технички податоци:

  • IP адреса: се користи за безбедност и анализа
  • Тип и верзија на прелистувач
  • Оперативен систем и уред
  • Посетени страници и URL од каде што сте дошле
  • Датум и време на посетата
  • Клик-патека (движење низ сајтот)

Овие податоци можат да бидат зачувани во логови на серверот или обработени преку аналитички и безбедносни алатки исклучиво за интерни цели на компанијата. Бидејќи овие податоци не спаѓаат во лични податоци и ние не можеме да ве идентификуваме, овие информации може да се користат за било кои цели на компанијата. 

 Цели за собирање и обработка на лични податоци

Секогаш кога собираме лични податоци, нивното собирање ни е потребно заради остварување на една или повеќе од следниве цели:

  • побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас;
  • побрзо, полесно и поедноставно да ги пронајдете производите и/или услугите кои Ви ги нудиме;
  • примање на Вашите електронски (онлајн) нарачки од нашиот асортиман на производи;
  • брза и навремена достава на купените производи до Вашата адреса;
    ги задоволуваат Вашите преференци и потреби;
  • да станете дел од нашиот тим преку аплицирање за вработување или регистрација како Консултант/Привилегиран Клиент;
  • остварување на заедничка комуникација и примање на Ваши забелешки, коментари, пофалби и критики.
  • Интерни цели на копанијата за подобрување на работата на СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ не собира и не обработува информации поврзани со банкарски картички или други форми на електронско плаќање, бидејќи плаќањето се врши исклучиво во готово при испорака на порачката од страна на нашиот доставувач или преку ангажирана курирска служба.

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ се уште не испраќа понуди и известувања преку е-пошта, така што вашата адреса од е-поштата нема да биде користена за маркетиншки цели. Исто така платформата на СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ е наменета само за користењето на компанијата без да се споделуваат информациите за туѓи маркетиншки цели нити па за рекламирање на производи кои не се во нашиот асортиман.

Информациите што ги собираме ги користиме исклучиво со цел да ја процесираме вашата нарачка, да ве контактираме доколку има потреба од дополнителни информации или потврда, и да обезбедиме навремена и точна испорака. Вашите податоци може да бидат споделени единствено со лица директно вклучени во процесот на испорака – наши вработени или партнери задолжени за логистика. 

Како корисник, имате право да побарате пристап до вашите лични податоци, да побарате нивна корекција или бришење, како и да поднесете приговор за нивната обработка. Доколку сметате дека вашите права се повредени, можете да се обратите до надлежниот орган за заштита на лични податоци во Република Северна Македонија.

За какви било прашања или барања во врска со вашата приватност, можете да не контактирате преку е-пошта на prodavnica@siberianlyfestyle.com, телефонски на +389 70 251 123, или по пошта на адреса: ул. Кочо Рацин 26, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Начин на собирање лични податоци

Личните податоци се собираат директно од Вас, како субјект на лични податоци или од други лица.

  1. Директно собирање на лични податоци од Субјектот на лични податоци:
  1. При купување на производи
  2. Кога ја регистрираш твојата сметка на нашата платформа 
  3. Кога ги остваруваш твоите законски права (право на повлекување од договорот и враќање на производот, право на поднесување приговори, право на откажување на нарачката итн.)
  4. При контактирање на нашите вработени
  5. Контактирање по телефон, преку електронска пошта или преку социјалните мрежи (Facebook/Instagram итн.) исклучиво оние кои се наведени на страницата и не други
  6. При пријавување на наш конкурс и испраќање на твојата биографија (CV)
  7. За време на твојата посета на нашата платформа

2. Лични податоци доставени од други лица

Во случај кога добиваме лични податоци на трети лица  заради испорака на купените производи на адреса на живеалиште на трето лице во тој случај ќе сметаме дека посредникот е овластен од таквото лице за такво дејство, односно ќе сметаме дека е дадена  согласност за такво дејство и ние не сносиме одговорност за обработката на Личните податоци на трето лице.

Начин на обработка на лични податоци

Вашите лични податоци ги прибираме, обработуваме и чуваме на законит, транспарентен и правичен начин. Пристап до тие податоци имаат само овластени вработени, и истите може да се достават до трети страни единствено согласно законските одредби. Личните податоци може да бидат споделени со надлежни институции исклучиво во постапки утврдени со закон.

Обработката на личните податоци се врши врз основа на следниве основи:

  • Вашата изречна согласност за една или повеќе конкретни цели;
  • Исполнување на законски обврски кои ни се наметнати;
  • Реализација на договор во кој сте страна, или преземање чекори пред негово склучување по ваше барање;
  • Заштита на животно важни интереси на Вас или на друго лице;
  • Извршување задачи од јавен интерес или службени овластувања;
  • Наш легитимен интерес или интерес на трето лице, освен кога вашите основни права и слободи имаат приоритет.

Обработката секогаш се врши согласно важечките прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Рок на чување на личните податоци

Вашите податоци ги чуваме онолку долго колку што е неопходно за да се постигнат целите наведени во оваа Политика за приватност. 

  • Кориснички профили: додека не се избрише од страна на корисникот или од страна на персоналот на СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ
  • Нарачки: до 7 години
  • Аналитика и логови: до 1 година (освен ако не е потребно повеќе)

Податоците ќе се чуваат во рамки потребни за усогласување со законските обврски, заштита на легитимните интереси, или примена на интерните политики и правила. Во одредени случаи, поради постапки пред надлежни институции, податоците може да се задржат и подолго од стандардниот рок.

Обработувачи кои може да имаат пристап до лични податоци

Пристап до Вашите податоци можат да имаат следниве категории на обработувачи:

  • Сопствениците и вработените на СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ;
  • Компаниите кои вршат услуги на достава (карго, поштенски, курирски служби и слично);
  • „Консултанти“ или „Ментори“ со кои сте поврзани со системите https://siberianhealth.com/en и https://rs.siberianhealth.com/rs/ – Во случај да не сте регистрирани во овие системи , на Ваше барање, СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ може да ви предложи Ментор;
  • Субјекти кои посредуваат во продажбата помеѓу крајниот клиент и СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ. 
  • Хостинг и облачни сервиси
  • Аналитички алатки (на пр. Google Analytics)
  • Безбедносни алатки (на пр. Wordfence)

Соработуваме само со обработувачи кои гарантираат спроведување на соодветни технички и организациски мерки во согласност со законската рамка и кои обезбедуваат заштита на вашите права. Односите со обработувачите се регулирани со договор или друг правен акт, а тие не смеат да вклучуваат подизведувачи без наша писмена согласност. Никогаш не ги продаваме вашите податоци на трети страни.

Во специфични случаи предвидени со закон, податоците може да бидат споделени со следниве корисници:

  • Адвокати;
  • Нотари;
  • Извршители;
  • Судски институции;
  • Сметководители;

Надлежни државни органи, правни субјекти и институции.

Споделување на лични податоци во земји надвор од Република Северна Македонија

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ комуницира со земјите од регионот како и матичната земја од каде потекнува фирмата – Русија. Со руската матична компанија не се споделуваат никакви додатни податоци од оние кои Вие сте им ги приложиле кога сте го усвоиле консултатнскиот код или кодот за привилегиран клиент. Доколку не сте регистрирани на нивната платформа и немате ваков код вашите лични податоци нема да бидат споделени. За земјите од регионот може да постои пристап до вашите информации доколку самите вие побарате достава во таа држава или доколку има потреба од контактирање на вашиот „Ментор“ кој не се наоѓа во РСМ. Доколку не поседувате ментор, вашите податоци нема да бидат споделувани на овој начин.

Поврзување со социјални мрежи

Компанијата има увид виз личните податоци споделени преку социјалните мрежи -Facebook, Instagam, Whatsapp, и Viber кои се поставени на платформата. Тие податоци може да се употребат за истите цели како и личните податоци собрани преку веб-сајтот. Додатно, Ве охрабруваме да ги прочитате политиките за приватност на самите социјални мрежи при споделување на вашите лични податоци.

Правна основа за обработка на лични податоци

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ ги обработува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци и начелата на законитост, правичност и транспарентност. Обработката на личните податоци се врши врз основа на една или повеќе од следните правни основи:

  • Согласност – Обработката се врши врз основа на Ваша претходно дадена согласност за една или повеќе конкретни цели. Својата согласност можете да ја повлечете во секое време, без негативни последици, преку писмено или електронско барање. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласност дадена пред нејзиното повлекување.
  • Извршување на договор – Обработката е неопходна за реализација на договор склучен со Вас или за преземање на активности на Ваше барање пред склучување на договорот.
  • Законска обврска – Обработката е неопходна за исполнување на законски обврски кои важат за СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ, согласно со применливите закони и подзаконски акти.

Права на субјектот на лични податоци

Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, како субјект на лични податоци имате право на:

  • пристап до Вашите лични податоци и информации во врска со нивната обработка;
  • исправка или дополнување на неточни или нецелосни податоци;
  • бришење на Вашите лични податоци („право да се биде заборавен“) во случаи кога:
  • податоците не се повеќе неопходни за целите за кои се собрани; 
  • повлечена согласноста;
  • поднесен е приговор за обработката;
  • податоците се обработени незаконски;
  • податоците треба да се избришат заради усогласување со законска обврска;
  • ограничување на обработката во одредени случаи;
  • приговор против обработката врз основа на легитимен интерес;
  • добивање информации за примателите на Вашите лични податоци;
  • поднесување на приговор до Агенцијата за заштита на лични податоци.

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ е обврзан да одговори на Вашето барање во рок од 30 дена од денот на неговото поднесување. Личните податоци ќе се чуваат само онолку колку што е неопходно за целите за кои се обработуваат или до исполнување на законските рокови за нивно чување.

Осигурување на безбедноста на личните податоци

СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ ги превзема сите неопходни организациски, технички и административни мерки за заштита на личните податоци што се наоѓаат под наша контрола. За жал, не е можно да се гарантира целосна безбедност при пренос на податоци преку интернет и нивно чување во системот. Доколку имате основа да сметате дека Вашата интеракција со нас станала небезбедна со висок ризик (на пример, ако се сомневате дека безбедноста на Вашиот профил во нашиот систем е загрозена), Ве молиме веднаш да стапите во контакт со нас преку испраќање на е-пошта, телефонски или на некоја од социјалните мреж наведени на веб-страницата.

Во случај да настане некаков неовластен пристап до личните податоци со кои ракува СИБЕРИАН ЛАЈФСТАЈЛ од страна на трето лице, ние сме должни да го известиме субјектот чии податоци се превземени и Агенцијата за заштита на личните податоци во најбрз можен рок.

Можност за промена за политиката на приватност

Компанијата го задржува правото да ја измени или дополни оваа Политика за приватност. За важни измени и дополнувања, Компанијата може да ги информира корисниците преку е-пошта или со објава на порталот. Со користење на каква било содржина на Веб-страницата на Компанијата по спроведените измени и дополнувања, се смета дека сте запознаени со најновите правила за условите на користење, како и со Политиката за приватност.

Оваа Политика за приватност стапува во сила во 2025 година. Со нејзиното стапување во сила престануваат да важат сите претходни Политики за приватност.

Shopping Cart