Цветен мирис
Нотите на јасмин, тубероза, иланг-иланг и ванила ги разбудуваат сетилата.
20% масла
Високата концентрација на етерични масла го продолжува траењето и го засилува интензитетот на мирисот.
Авторски мирис
Пјер Флорес – познат француски парфимер, креатор на мириси за парфимерските куќи N-Cigale и Esteban.
Вкус на романтика
Инспирација подарена од Алтај
Трпкиот мирис на бергамот и тиаре преминува во слаткоста на со сонце загреаните ливчиња од јасмин, флердоранж и иланг-иланг. Вдишувајќи ја зачинетата нежност на високогорјето, ветерот ги носи ливчињата кон кристално чистите езера, за таму да ги исполни со нови свежи нијанси. Уште миг – и ќе се стопите во меката привлечност на туберозата, бурбонската ванила и белиот мошус…
Портрет на мирисот
Трендовски мирис исполнет со сончева светлина и здивот на цвеќињата, создаден да воодушевува!
Семејство: цветни, овошни, ванилни
Горни ноти: лимонска монарда (бергамот), кокосова вода, тиаре (тахитска гарденија)
Срцеви ноти: цвет од портокал (флердоранж), иланг-иланг, јасмин
Трага: тубероза, бурбонска ванила, бел мошус
Нишан парфем – за оние што бараат нешто посебно
• Уникатно запознавање
Изборот на нишан мирис е вистинска приказна. За да се одлучите, потребно е време да го запознаете парфемот, да го „примерите“ на себе и да направите онлајн-нарачка. Времето посветено на изборот станува почеток на вашата неповторлива романса со новиот мирис.
• Дијалог со парфимерот
Зад ексклузивната формула секогаш стојат идеи, мисли и чувства на вистинска личност – парфимерот.
Автор на мирисот е Пјер Флорес, познат француски парфимер и креатор на ексклузивни композиции во серијата нишани мириси на Siberian Wellness.
• Лаконско пакување
Селективната парфимерија е елегантна и со стил: шишињата често се изработени од тешко стакло, а капачињата – од природни материјали. Минималистичкото пакување ве насочува кон суштината на мирисот.
• Квалитетни суровини
При создавањето на нишан мирис, парфимерот користи вредни и висококвалитетни состојки: природни скапи масла и апсолути.
Начин на употреба
-
Нанесете го мирисот таму каде што пулсира кожата: на вратот, зад ушите, на внатрешната страна од лактот или зад колената (но не на сите места одеднаш!).
-
Користете го парфемот веднаш по туширање (чистата и загреана кожа подобро го впива мирисот) или распрснете го пред себе и зачекорете во мирисниот облак.
-
Избирајте мирис според:
• сезоната (полесен – лето, потежок – зима);
• дел од денот (наутро – полесен, навечер – поинтензивен);
• расположението и пригодата (за работа – посвеж и поелегантен, за прошетки и средби – покреативен и подлабок).
За мирисот да не се менува, чувајте го парфемот на суво и ладно место, далеку од директна сончева светлина.
Состав
(INCI): alcohol (79% vol.), parfum (fragrance), water (aqua), hexyl cinnamal, benzyl salicylate, linalool, limonene, benzyl benzoate, coumarin, citronellol, geraniol, isoeugenol, benzyl alcohol, eugenol, citral, hydroxycitronellal.
Семејство: цветни, овошни, ванилни.
Горни ноти: лимонска монарда (бергамот), кокосова вода, тиаре (тахитска гарденија).
Срцеви ноти: цвет од портокал (флердоранж), иланг-иланг, јасмин.
Трага: тубероза, бурбонска ванила, бел мошус.

