Мирис на чисто уживање
За оние што уживаат во секој миг и имаат истенчен вкус за животот.
Гурманска длабочина
Топол и богат карактер со зачински и кожни нијанси.
Повеќеслојна композиција
Постепено се развива, оставајќи впечатлива мирисна трага.
Унисекс карактер
За оние што го избираат мирисот како израз на својата состојба.
Авторски мирис на Соазик Бокур (Soizic Beaucourt)
Вкусот на убавиот живот
Постојат мигови кога сакате да заборавите на правилата и едноставно да уживате во животот. 9 Nonum е повик за чисто хедонистичко уживање, за оние вечери кога времето како да забавува, а воздухот е исполнет со слатки и зачински ноти.
Мирисот се отвора со сочна вишна и овошни акорди, во кои нежно се претопува чадната длабочина на олибанумот, создавајќи богат и интригантен почеток.
Во срцето на композицијата се преплетуваат зачинските ноти на ѓумбир и каранфилче, надополнети со благородните нијанси на кедарот и топлиот, благо сладок акорд на рум.
Базните ноти откриваат сензуална ванила и длабочина на пачули и ветивер, оставајќи топла, гурманска и впечатлива мирисна трага.
Мирисно семејство: ориентално, гурманско
Олфакторна пирамида
Горни ноти: вишна, овошни ноти, олибанум.
Средни ноти: ѓумбир, каранфилче, кедар, рум.
Базни ноти: ванила, пачули, ветивер, гурмански ноти.
Олфакторен портрет на мирисот
Горни ноти
- Вишна. Сочна и интензивна. Му дава на мирисот впечатлив и сензуален почеток.
- Овошни ноти. Зрели, слатко-кисели и сочни. Ѝ даваат на композицијата полнота и привлечност.
- Олибанум. Смолест и благо чаден. Ги урамнотежува овошните ноти и ѝ дава длабочина на композицијата.
Срце на мирисот
- Ѓумбир. Топол и зачински, со блага пикантност. Внесува енергија и карактер.
- Каранфилче. Богато и зачинско, со блага слаткост. Придонесува за длабочината и топлината на композицијата.
- Кедар. Дрвенест и благороден. Му дава структура и постојаност на мирисот.
- Рум. Топол, со блага слаткост. Внесува чувство на удобност и ненаметлив луксуз.
Базни ноти
- Ванила. Топла и обвивна. Му дава на мирисот сензуалност и мекост.
- Пачули. Длабоко, со блага чоколадна нијанса. Ги засилува интензитетот и карактерот на композицијата.
- Ветивер. Сув и дрвенест, со блага чадна нота. Внесува рамнотежа и елеганција.
- Гурмански ноти. Слатки и кремасти. Оставаат топла, заводлива и долготрајна мирисна трага.
„1996“ – колекција ниш-парфеми инспирирана од годината на основање на компанијата Siberian Wellness
Ја зачувавме идејата на колекцијата „1996“, но ѝ дадовме нов, современ олфакторен израз:
- современи состојки;
- длабочина карактеристична за ниш-парфемите;
- модерен олфакторен јазик.
Пронајдете го својот талисман во колекцијата „1996“!
За оние што:
- ги ценат топлите, богатите и сензуалните мириси;
- бараат длабока гурманска композиција;
- избираат мирис за вечерни пригоди и посебни мигови;
- го доживуваат парфемот како израз на својата личност;
- претпочитаат ниш-мириси со изразена мирисна трага.
- 50 ml – оптимално пакување за секојдневна употреба.
- 1,5 ml – идеално пакување за прво запознавање со мирисот.
- Постојаност до 8 часа: долготрајно развивање на мирисот со изразена мирисна трага.
Употреба
- Нанесете го парфемот на местата каде што се чувствува пулсот: вратот, пределот зад ушите, внатрешната страна на лактите или зад колената (но не на сите места одеднаш!).
- Нанесете го парфемот веднаш по туширањето (чистата и топла кожа подобро го впива мирисот) или распрснете го во воздухот пред себе и зачекорете во мирисниот облак.
- Изберете го мирисот во согласност со:
- годишното време (полесни мириси во лето, а поинтензивни во постудениот дел од годината);
- периодот од денот (полесни мириси во првиот, а побогати во вториот дел од денот);
- расположението и пригодата (за работа и во канцеларија – посвежи и поелегантни, а за прошетки и дружења – поинтензивни и покреативни мириси).
За мирисот да ги задржи своите оригинални својства, чувајте го парфемот на суво и ладно место, заштитено од директна сончева светлина.
Совет
Создајте уникатна мирисна атмосфера во својот дом и подобрете го расположението! Едноставно употребете го парфемот за освежување на текстилот во просторијата.


